Пехарот на Новак стигна во Белград, мајка му ја пееше „Пукни зоро“

Со оглед на тоа што го прави во кариерата, витрината со пехарите на Новак ќе мора да се прошири. Последниот едвај го собра внатре. Татко му мораше да импровизира.

Најновиот пехар на Ѓоковиќ од Австралија опен пристигна во Србија после пат од 24 часа, а го донесе брат му Џорџе. Новак се очекува да пристигне во Белград за десетина дена и да се спрема за турнирот во Дубаи.

Родителите на тенискиот ас гордо го подигнаа осмиот пехар на Новак од Австралија опен и вкупно 17 Гренд слем, а потоа го сместија во витрината. Но овој беше поголем, па татко му Срѓан додека го сместуваше рече:

„Така беше и во целата негова кариера. Зборот „снајди се“. Импровизација, без систем“.

Инаку трофејната сала на Ѓоковиќ е сместена во неговиот ресторан во Белград. Од она што барем може да се види на видеото, немаше софри и качување по маси и столици, туку само собир и пијачка со жива музика.

Ја изведоа „Пукни зоро“ која Дијана ја отпеа емотивно за својот син кој тежи вкупно 78 пехари на сите турнири. Каков феномен.

Инаку на почеток на видеото во позадина ќе чуете и нешто наше. „Бело лице љубам јас“ на Петранка Костадинова.

Српските медиуми пишуваат дека најдобриот тенисер во светот од својата фондација „Новак Ѓоковиќ“ донирал 8 милиони динари за реконструкција на детскиот театар во Белград.

5 февруари 2020 - 13:45