Offside

Најголемото засилување за „кралскиот клуб“ летово е 19-годишниот Јан Диоманде за кого на Ред Бул Лајпциг ќе му платат 125 милиони евра. Оваа сума е огромна затоа што Реал Мадрид одеше до крајот: првата понуда од 90+10 милиони им ја одбија, па се појави и ПСЖ како конкурент само за да ја зголеми сумата.

Сеп Блатер: Катар беше грешка, фудбалот и Мундијалот се преголеми за толку мала земја

Седум години откако е суспендиран поради корупција во ФИФА да не може да се бави со фудбал до 2027-ма, 86 годишниот деспот кој пет мандати беше недопирлив на најслатката фудбалска фотеља на планетата, реши да гукне нешто за најконтроверзниото Светско првенство. 12 години по изборот и 12 дена пред стартот, призна дека целата работа околу домаќинот е промашена и наместена.

Забивање после кое цела сала во Јута скокаше

Јута Џез направи неверојатен рез летово и реши да се ослободи од најголемите ѕвезди и лидери на екипата Бојан Богдановиќ, Донован Мичел и Руди Гобер. Тимот сезонава е подмладен и игра сјајно од почетокот. Синоќа го декласираа ЛА Лејкерс 139-116 и се на учинок од 9 победи и 3 порази. Лејкерси имаат 8 порази и само две победи. Момент на мечот беше забивањето на Тален Хортон-Такер над Дамјан Џонс.

Турска одбрана на португалски начин во изведба на Креспо

Таму каде што знае да биде опасно човек нога да стави, Португалецот Мигуел Креспо пожртвувано влезе со глава, на синоќешниот меч Фенербахче - Сиваспор кој инаку. заврши 1:0 со голот на Енер Валенсија.

Селекторот на Холандија сe пофали со фотка од македонската легенда

По високиот триумф од 30:15, холандскиот селектор Пер Јохансон се сретна со својот колега Кире Лазаров, кој го опиша на посебен начин.

Столе го чепна Лука Модриќ

Рајо Ваљекано продолжува да биде нагазна мина за Реал и Барса. И Каталонците и Мадриѓаните често се лизнуваат во ова мадридско предградие. Така во понеделникот вечер, Рајо со 3:2 го урна големиот Реал Мадрид. Столе Димитриевски беше на висина на задачата цел меч иако не успеа да му одбрани пенал на Лука Модриќ.

Емоциите на Ентони кога дозна дека е избран за Бразил на Светско

Крилото на Манчестер Јунајтед кој летоска го направи најскапиот трансфер од Ајакс и холандскиот фудбал, вреден 95 милиони евра, има 22 години и 11 настапи за Бразил. Погледне ја оваа радост кога го прочитаа името за Мундијалот во Катар.

Абе бебето го разбудивте, какво Светско какви бакрачи

Во Бразил кога селекторот чита состав за Светско првенство, тоа е национален празник. Во домашна атмосфера цела нација слуша кој ќе патува на Мундијал, а кој ќе остане дома. Во таков момент, најголемата ѕвезда на Њукасл и фудбалер кој е најзаслужен што овој премиерлигаш е четврти после илјада година, Бруно Гимараеш се израдува поштено. Па макар и го разбудил бебчето кое има месец дена.

Дојди кај мене на балкон да го гледаме Реал, може и топка ќе ќариме

Имаме нереална фудбалска сцена за шпански услови, па уште и прва лига, реална за Кратово, Ѓорче и останатото во мак фудбал. Замислете на мечот Рајо Ваљекано - Реал Мадрид, првиот комшија до стадионот му ја фати жива на Валверде во стилот на Столе Димитриевски и тоа на балкон.

Алиоски Џани во пролаз

Македонскиот репрезентативен офанзивен лев бек не може ако не направи белја. Додека неговиот соиграч Креспо даваше изјава, Џани га скубна за коса. После продолжи да прави ѓурултии.

Голман на Бенфика го постигна најлудиот гол на годината

Самуел Соарес е роден 2002-ра и брани за Б тимот на Бенфика. Ако треба да се бира гол на годината, па и на деценијата постигнат од голман, тогаш дајте му ја нему наградата. Чудесија од лоб од 80-90 метри.

И Холандија пресилна за ракометарките, втор пораз на Македонија

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“, македонските ракометарки претрпеа уште еден пораз во групната фаза на Европското првенство. Холандија беше подобра - 30:15.

И Пандев со поддршка за ракометарките

Многу спортисти и луѓе од јавниот живот и дадоа поддршка на женската ракометна репрезентација на Македонија, која денеска од 18 часот во салата Борис Трајковски го игра вториот меч од ЕП против Холандија. Мотивирачките видеа ги прави РФМ.

Махериште на колото погоди четири точни резултати за добивка од 1,7 милиони денари

Царот си ги врзал од петок до недела, четири точни резултати од кипарско, грчко, хрватско и турско првенство и плус Елмас тип 2. Добивка 28.000 евра.

Барди против швајцарски, Тричко со украински противник

УЕФА ги спука во два часа и нешто ждрепките за сите три клупски европски натпреварувања.

И Томас Милер жали за немилосрдната ждрепка ПСЖ - Баерн

Меѓу првите фудбалски ѕвезди кој се јави со видео реакција околу ждрепката за нокаут фазата во ЛШ е Милер. Искусниот напаѓач кој се изнаигра за Баерн, прво ги поздрави противниците на француски, а потоа изрази жалење што ќе мора една од овие две големи екипи да се прости уште во осминафинале.

На Барселона и Манчестер Јунајтед им се стемни на ждрепката за Лига Европа

Она што слободно можеме дека кажеме дека го личи да биде големо и убаво финале во второто по ранг клупско европско натпреварување, ждрепката сакаше да биде плејоф рунда за осминафиналната пресметка.

Две мега пресметки во осминафинале, Елмас со Наполи доби германски противник по мерка

Епа појако и понеизвесно и не можеше да биде. Во осминафиналето на Лига на шампиони ќе гледаме две тазе репризни финалиња.

Што е со мистериозниот напиток кој заврши кај Ѓоковиќ на сред натпревар?

Новак Ѓоковиќ не успеа да испише историја и да стане прв тенисер со 7 трофеи на Мастерсот во Париз, откако загуби од младиот Данец Холгер Руне. На Твитер се појави снимка од полуфиналниот меч против Циципас, на кој неговиот тим скришно спрема пијалок во шише и му го праќа преку едно од девојчињата задолжени за собирање топчиња.

Години поминаа, Балотели е уште истиот

Од 31-ви август Марио Балотели е во швајцарскиот клуб Сион. Потпиша 2-годишен договор а сезонава после 8 меча има 4 гола и 3 жолти картони. Кога ќе ни текне кај сè не играше од Интер, Манчестер Сити, Ливерпул, Милан, Ница, Марсеј, Бреша и секаде правеше гафови, не е ни чудо што истото го повторува и во Швајцарија.

Голман во Колумбија даде гол во 93-ра, па ја оплеска како никој

Себастијан Виера е голман со искусни 39 години и скоро 500 настапи, меѓу кои 15 за селекцијата на Уругвај. Несфатливо е како можеше вака да си го оштети тимот.

Како поминавте во северен Бразил на гости?

Во последното 38. коло на бразилската Серија Б, Баија на гости со 1-2 го победи ЦРБ и обезбеди пласман во најдобрата елитна А лига на Бразил. Ама дуелот повеќе личеше на ватерполо отколку на фудбалска средба.

Ете зошто сакаме нисколигашки фудбал

Момент од мечот Ротерам - Норич (1:2) во англискиот Чемпионшип. Домашниот десен бек Весли Хардинг пробува да изведе аут ама топката му лизга од раце зошто е мокра. Од позади еден гледач решава да му помогне. И нормално сето тоа пропратено со аплауз на отворена сцена.

Лацијалите збеснаа во соблекувална и славеа со семафорот

Дербито меѓу Рома и Лацио во Рим важи за меч на сезоната кој со душа го чекаат навивачите. Лацио го доби со еден гол, кој играчите го овековечија на семафорот во соблекувалната.

Какво голчиште падна на лудото дерби Бетис - Севиља

Дербито на Андалузија меѓу Бетис и Севиља е најжестоко во Шпанија и навивачки можеби најпривлечно на Пиринеите. Пред преполн стадион домаќинот Бетис по смешниот автогол на Хесус Навас во 43' минута, ама српскиот репрезентативец Немања Гудељ во 81' минута го постигна најубавиот гол на колото во шпанска Примера за конечни 1:1.