Какви врвни баскет трикови на Јокиќ, коментаторите воодушевени

Денвер Нагетс го совлада Њу Орлеанс 122:113 и дополнително ја зацврсти позицијата пред плејофот. Јокиќ забележа нов трипл-дабл, дури 16-ти сезонава, а вкупно 92 во кариерата. Интересно, на сите 16 трипл-дабл учиноци на српскиот репрезентативец, Денвер Нагетс славел победа.

Никола Јокиќ уфрли 26 поени (10/14 за два, 1/3 за три и 4/4 од слободни)  со 18 скока и 15 асистенции,  а шоуто на вечерта го имаше Џамал Мари кој постигна 32 поени.

 

 

1 февруари 2023 - 09:22