Бејл дебитираше во професионален голф

Велшкиот фудбалер кој освои дури 5 пехари во Лига на шампиони и 3 титули во Ла Лига со Реал Мадрид, пред 25 дена стави крај на фудбалската кариера и очекувано, прејде во неговиот најомилен спорт.

Легендата на Реал Мадрид и репрезентацијата на Велс успешно дебитирал на професионален турнир во голф. Бејл играл на AT&T Pebble Beach Pro-Am во рамки на PGA тур. Поранешниот капитен на Велс на 9 јануари се прости со фудбалот.

Герет играше за Реал од 2013 до 2022 и освои еден куп трофеи. Тој успешно ја поминал првата рунда на голф турнирот на кој играат професионални играчи.

Покажал одлична техника, особено во еден момент кога западнал во таканаречениот бункер (посебно создадена замка на голф терените) но останал мирен и излегол од незавидна положба.

Бејл и неговиот соиграч Џозеф Брамлет (64-то место во FedEx купот) го завземале 18. место на табелата. Бејл настапил на теренот Спајглас Хил, а следната етапа на полустровот Монтереј се игра денес. Последната рунда е закажана за сабота на Пебл Бич.

Бејл ја заврши кариерата со многу повреди. Играше многу малку за Лос Анџелес во МЛС лигата, а поради слабата форма одигра и бледо Светско првенство за Велс.

3 февруари 2023 - 10:26