ПСЖ го совлада Монпеље на гости 1:3, со головите на Фабијан Руиз, Лео Меси и Заир-Емери, после промашен пенал на Мбапе и два поништени голови со ВАР.
Она што мора да се издвои од средбата е мајсторлукот на Меси, кој само тој умее вака лукаво да го измами голманот, кој се чинеше дека му ги затвори сите агли.
Светскиот шампион игра во топ форма и веќе до полусезона има 14 голови и 14 асистенции.
Со овој погодок стана прв стрелец во топ 5 европските лиги со 697 голови и со тоа му избега на Роналдо.
This angle of Messi’s goal is CRAZY 😱😱😱 no one else in football scores this pic.twitter.com/0xT5kQMR3q
— Stav (@Stav10M) February 1, 2023
Messi is doing it all for PSG this season 👑 pic.twitter.com/KRqsdbbZcO
— ESPN FC (@ESPNFC) February 1, 2023
RECORD ✅
— FC Barcelona Fans Nation (@fcbfn_live) February 2, 2023
Most Goals scored with a top 5 European league team(all competitions)
🥇 Leo Messi - 697
🥈 Cristiano Ronaldo - 696
🐐 pic.twitter.com/oKLko0Q90O
Инаку Мбапе го напушти теренот во 21 минута, а „Л'Екип“, пишува дека се работи за повреда на коленото поради која ќе го пропушти четвртфиналниот дуел со Баерн Минхен на 14 февруари, а постои опасност да не се опорави ниту за реваншот.