Миовски стрела во Шкотска од сите позиции

Само две недели откако мајсторски го матираше голманот на Ренџерс во Купот, Бојан Миовски запиша нов погодок и во шкотското првенство, вкупно 12-ти сезонава и покажа дека не простува ниту од белата точка. Тој го израмни резултатот против Сент Мирен во 74-та, но Абердин не успеа да се спаси од пораз и во последните 10 минути прими уште два гола.

2 февруари 2023 - 08:28