Одговор вреден 40.000 лајкови

Унион Берлин е најпријатно изненадување во германска Бундеслига. Клубот кој до пред неколку години дремеше во трета и втора лига, сега активно се бори за титулата со Баерн Минхен. Зимава требаше да го потпишат Шпанецот Иско но трансферот во последен момент пропаднал. Поради ова, на Твитер, админот на омразениот „вештачки“ клуб како што Ред Бул Лапјциг го викаат во Германија со доза иронија пишал кај Унион Берлин: „Иско“?

Ова прашање не му требало, зошто добил адекватен одговор кој го лајкнале преку 37.000 корисници на Твитер. РБ Лајпциг е најомразен клуб во Германија затоа што го наруши вековното правило 50+1% од клубовите да им припаѓаат на навивачите.

1 февруари 2023 - 11:32