Првпат во кариера - Мбапе промаши два пенали и чист зицер од одбиена

Неверојатниот Килијан кој во драматична завршница на едно финале на Светско првенство ладнокрвно шутираше два пенали и двата ги погоди против Аргентина, овојпат не можеше да го скроти голманот на Монпеље, Бенјамин Лекомте. Во 10’ минута од дуелот на ПСЖ на гости, Парижаните добија пенал. Голманот му одбрани на Мбапе а судијата процени дека Лекомте прерано излегол од цртата и соиграчи влегле предвреме, па му даде нова шанса на Килијан.

Некој ако го играл Мбапе дава гол, којзнае како му е денес:

Прв стрелец во Франција од синоќа е младиот Фоларин Балогун, центарфор кој е позајмен од Арсенал во Ремс кој блеска сезонава. Младиот Англичанец синоќа го постигна првиот хет-трик во професионалната кариера и беше најзаслужен што Ремс од 0-2 на крај направил пресврт и славел 4-2 со што ја продолжи серијата на 14 меча без пораз!

Балогун е прв стрелец со 14 гола, пред Мбапе кој има 13. Нејмар, Терем Мофи и Жонатан Давид имаат по 12.

Само Меси знае вака да изработи голман

2 февруари 2023 - 10:56