На 26 февруари на лондонскиот стадион „Вембли“ Манчестер Јунајтед и Њукасл Јунајтед ќе добијат по 867 места предвидени за „сигурносната стоечка зона“.
Оваа одлука доаѓа откако Челси, Манчестер Сити, Тотенхем Хотспур, Манчестер Јунајтед, Кардиф Сити и други клубови подолго време се залагаа на гостинските навивачи да им се овозможат места за стоење.
Навивачите во Англија веќе 35 години, по потресните случувања на Хилсборо во 1989-та година, мораа стриктно да седат на местата, со цел да се спречи хулиганизмот.
Минатата година британската влада најави дека се повеќе стадиони на островот ќе воведуваат стоечки места на своите стадиони.
Интересно, навивачите на Њукасл беа во делириум по триумфот во полуфиналето на Купот над големиот ривал Саутемптон од 2-1 со што за првпат после 1999-та година се пласираа во едно домашно финале. По повеќе од четириесет години Њукасл ќе игра во финалето на Лига Купот.