Баварците го решија Мајнц на гости со 0:4 и со тоа обезбедија пласман во четвртфиналето од Купот на Германија.
Одлично деби за Баерн имаше Жоао Кансело кој пристигна од Манчестер Сити, но сите зборуваат пред сè за асистенцијата на Чупо Мотинг.
33 годишниот репрезентативец на Камерун игра одлична сезона и со учинок од 13 гола и 4 асистенции на 20 меча, статистиката вели дека е инволвиран во гол на секои 68 минути.
Погледнете како му ја сервираше топката на Сане. Мајсторија која може да ја видите од три агли.
Инаку на Кансело кој на 31 јануари дојде на позајмица на Алијанц арена, му беа потребни само 17 минути за да направи фантастична асистенција на дебито, токму до Мотинг.