Таг: чупо мотинг

Генијални асистенции на Чупо Мотинг и новото засилување Кансело

По килавиот јануарски старт со три ремија од по 1:1, Баерн конечно се израдува на победа во 2023-та. Ерик Максим Чупо Мотинг изведе асистенција која му ја споредуваат со потезите на Јохан Кројф.

Чупо Мотинг ја заби поштено каде ни Толдо не ја фаќа

Баерн Минхен ги доби сите шест дуели во групната фаза од ЛШ и стана прва екипа која успеала тоа да го направи во три наврати. Немаше синоќа евроголови, ама затоа го имаше Ерик Максим Чупо Мотинг, човек кој знае јако да изненади од сенка. Баерн - Интер 2:0.

Дали ви е јасно кој е човекот кој го однесе ПСЖ во полуфинале?

Се вика Ерик Максим Чупо Мотинг и покрај таа страшна навала составена од Нејмар, Мбапе и Икарди, не е ништо страшно ако не го знаете. Тој е напаѓач со скромно портфолио кој лани ја направи најнесфатливата утка во 150 години фудбал, а синоќа беше херој.

Епско промашување на ПСЖ какво што не се памети

Едно четири-пет пати го изгледавме видеово пред да го опишеме и заклучивме дека се работи за најнесфатливата утка во 150 години фудбал, без разлика што не знаеме многу за порано. И на самиот Чупо Мотинг не му е јасно како ова го изведе. Излегува како да игра за Стразбур, а ПСЖ му дава плата. 

Како стигна Чупо-Мотинг до ПСЖ?

Во ситуација кога многумина очекуваа да загрми од Париз нов трансфер вреден милијарди евра, германскиот тренер на клупата на ПСЖ Томас Тухел се реши да доведе еден висок шпиц кој го тренирал уште од времето во Мајнц. На општа зачуденост на сите.

Женскиот пенал на Чупо-Мотинг

Втор пат по ред откако почна сезоната, Баерн Минхен не успеа да освои три бода. Прво загуби од Волфсбург, а вчера со играч помалку од 16. минута играше 1:1 против Шалке. Гостите, поточно Камерунецот Чупо-Мотинг смешно изведе пенал во 18' минута и Нојер му го одбрани.