Таг: жоао кансело

Што е со пасов на Кансело?

Нема секој играч привилегија да каже дека последните пет клубови во кариерата му се викаат Интер, Јувентус, Манчестер Сити, Баерн Минхен и Барселона. Португалецот во моментов сигурни важи за еден од најдобрите бекови во светот. Синоќа Барса ја однесе во осминафинале со гол и асистенција, а го има и додавање на колото и месецот. Што фелш ќе беше ова мајсторе?

Домаќинското работење на Барселона која со ситни пари имаше фантастичен преоден рок

Чави тргна во одбрана на титулата, за која уште на старт доби офанзивен напад од Реал кој стартуваше со 4 од 4. Скоро денар не потрошија, а донесоа големи имиња.

Генијални асистенции на Чупо Мотинг и новото засилување Кансело

По килавиот јануарски старт со три ремија од по 1:1, Баерн конечно се израдува на победа во 2023-та. Ерик Максим Чупо Мотинг изведе асистенција која му ја споредуваат со потезите на Јохан Кројф.

Видеото со Роналдо и Кансело во подолга верзија

Жоао Кансело за време на тренингот на Португалија изгледаше како да му е лут на Роналдо, ситуација која вчера сугерираше на контроверзното интервју. Но се појави подолго видео на кое изгледа како Роналдо да сака да се пошегува и да го смири после дуелот кој играчот на Сити го загуби и ја рогна топка во нервоза.

Кансело го рецна Роналдо на тренинг

Селекцијата на Португалија ќе треба на терен да докаже против Гана, Уругвај и Јужна Кореја, дали е нарушена атмосферата во националниот тим со интервјуто на Роналдо. По видеото со Бруно Фернандеш, ова со Жоао Кансело како уште повеќе да го сугерира тоа.

Вака не се чува Бензема

Јуве пред четири години го платија 40 милиони, а Сити во размена со Данило го направија најскап десен бек. Но на Жоао Кансело името и вредноста нема да му помогнат како да се координира во одбрана. Додека погледне кај се топката и Бензема, отиде возот.

Генијалната асистенциjа на Кансело и бомбата на Родри

Манчестер Сити убедливо со 3:0 го доби Евертон, победа со која се држи втор на -3 од лидерот Челси. Мора да издвоиме два јаки моменти од мечот, а тоа е асистенцијата на Жоао Кансело први првиот гол и проектилот на Родри за 2:0. Воопшто не ни требаше да се фрла голманот.

Кој те учел вака бе цреп?

Жоао Кансело изгледа е скаран со фер плејот. Погледне го ова бесрамно однесување синоќа во Лига купот против Оксфорд. Прво почнува да се закача, а потоа глуми жртва без никој да го пипне.

Пасот на Кансело за сите пари

Јувентус плати летово 40 милиони евра за бек, а кога сериозно раководство како нивното ќе даде толку пари за играч од одбрана тогаш стварно има нешто кај детево. Имаме среќа што можеме ова чудесно додавање да го видиме од најдобриот агол и тоа во забавена снимка.