Тореира со глава кај што други не влегуваат ни со нога

Галатасарај и натаму го чува првото место во турската Суперлига откако синоќа со 3:2 едвај го совладаа Умраније. Галата има 7 бода повеќе но и натпревар повеќе од Фенербахче. На вчерашниот дуел Лукас Тореира покажа зошто едно време играше во Атлетико Мадрид и во силниот Арсенал кој за него даде повеќе од 30 милиони евра.

Два гола во триумфот на Галатасарај даде Мауро Икарди кој во 83-та минута го постигна победничкиот за 3:2. Аргентинецот има дури 8 гола и 5 асистенции во турската Суперлига на 11 настапи.

2 февруари 2023 - 09:45