Offside

Најголемото засилување за „кралскиот клуб“ летово е 19-годишниот Јан Диоманде за кого на Ред Бул Лајпциг ќе му платат 125 милиони евра. Оваа сума е огромна затоа што Реал Мадрид одеше до крајот: првата понуда од 90+10 милиони им ја одбија, па се појави и ПСЖ како конкурент само за да ја зголеми сумата.

Дно дна потег на фудбалер на Шкендија

2.688-ма грда епизода во нашиот кутар и беден мак фудбал кој тоне во безредие и самоволие. Талентот на сезоната е дефанзивецот на Шкендија Сабит Билали кој прво турна играч на Академија Пандев, потоа вториот го нокаутираше, па го рогна.

Двете контри на Јуве со кои го урна Интер

Дербито на Италија дојде во прав момент за Јувентус да покаже дали е уште буден сезонава. Бјанконерите го совладаа големиот ривал кој после три триумфи во низа во Серија А и Лига на шампиони, изгуби во Торино со 2:0.

Емотивно збогум на Пике пред преполн Камп Ноу: Тука се родив, тука ќе умрам

После 615 средби, 52 гола и вкупно 30 трофеи со Барселона плус три со Манчестер Јунајтед, како и титула светски и европски првак со Шпанија, Жерар Пике скроз заслужено и со мирна совест ќе го посети пензискиот фонд на 35 години.

Дами и господа, кандидатот за гол на сезоната во Премиер

Лестер рутинирано со 0-2 го доби Евертон на гости и ги однесе трите бода од „Гудисон Парк“. Она што го направи Белгиецот Јури Тилеманс ќе се прикажува цела година.

Неверојатен гол на Лукас Подолски, соиграчите се држеа за глава

Освојувач на Светско првенство 2014 со Германија, шампион со Баерн Минхен, расен стрелец кој има еден куп трофеи и стотици голови во кариерата. Но вечерва за неговиот клуб Гурник Забже на гости кај Погон во триумфот 1:4, 37-годишниот Подолски го постигна можеби најубавиот во кариерата.

Емоции до крајни граници: ракометарките со солзи ја викнаа химната

Македонскиот женски ракомет конечно се врати на голема сцена. Вечерва во Скопје Македонија со Франција го отвори Европското првенство во нашата земја. Пред почетокот на мечот нашите ракометарки со околу 2.500 навивачи емотивно ја пееја химната. Некои од нив и со солзи.

Елмас со убав гол му донесе победа на Наполи во Бергамо

Фудбалерите на Наполи играат совршен фудбал и во 13. коло од Серија А ја совладаа силната Аталанта во Бергамо. Стрелец на победничкиот гол беше Елиф Елмас кој го прослави голот така што ги замолкна критичарите.

Отворено Европското првенство во Скопје, Македонија поразена од Франција

По долга децениска пауза, женската македонска ракометна репрезентација се врати на голема сцена - Европско првенство чиј домаќин е и Словенија и Црна Гора. На стартот нашите девојки немоќни против силната Франција 24:14 (12:5).

Ракометарките и стручниот штаб на Македонија најавуваат ракометен празник во Скопје

Со почеток од 18 часот против Франција, женската ракометна репрезентација на Македонија ги стартува битките на Европското првенство, на кое по пауза од 14 години повторно сме домаќини, заедно со Словенија и Црна Гора. РФМ секојдневно ја билда атмосферата на социјалните мрежи. Девојките очекуваат голема поддршка на трибини.

Гол број 10 на Миовски со новата прослава на Роналдо

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски по кој знае кој пат сезонава покажа дека му лежи Шкотска како средина. Со нови два гола изби на втората позиција на листата на стрелци.

Двајца другари фатиле да го закачаат Јап Стам

Потоа Стам решил дека нема да поминат понатаму од половина терен.

Голманот што направи шоу во Шведска

Шведски Дјургарден одигра фантастично во Лига на Конференции и оствари пет победи со едно реми. Со вкупно 16 бода во првата историска евро сезона за нив се пласираа во нокаут фазата. Синоќа во последното коло го победија Шамрок 1:0, а после мечот мегафонот го зеде 24-годишниот голман Јакоб Видел Зитерструм.

Како Модриќ кажа каде ќе шутира негов колега од репрезентација

Реал Мадрид со 5-1 лесно го растури Селтик во последното коло од Лига на шампиони. Овој меч ќе се памети по тоа што го судеше жена-судијка, Французинката Стефани Фрапар која во првите 30 минути досуди три пенали. Два за Реал, еден за Селтик. Гостинскиот фудбалер, хрватскиот репрезентативец Јосип Јурановиќ промаши, односо Тибо Куртоа му одбрани по сугестија од Модриќ.

Како Лазар Лечиќ со Работнички ја измамил цела ФИБА со се судии

Ако сакате да слушнете една добро позната генијална кошаркарска приказна, од оние уникатните и неповторливи од старо време, тогаш следните 60 секунди претворете се во уши. Ова го можат само ликови како Џаро и Лазо Лечиќ. Србите направиле одлична визуализација.

Мотивирачко видео за ракометарките со Кире, Тале, Гоца

Скопје, Љубљана, Подгорица и Цеље се домаќини на Европското ракометно првенство за жени кое се игра од денес до 20 ноември. Избраничките на Љубомир Савевски ќе се појават на меѓународна сцена во салата Борис Трајковски против Франција, Холандија и Романија. Сите три средби ги играат од 18 часот на 5, 7 и 9 ноември. Само храбро девојки.

Немало евроголови во Конференциска лига? Прашајте ја Фиорентина

И покрај тоа што веќе беа квалификувани за следната фаза, фудбалерите на Фиорентија го суредија Хартс на гости 0:3 уште во прво. Рикардо Сапонара ептен си го направи ќеифот. Не се брани ова.

Лудата група Ф во Лига Европа: Сите завршија со по 8 бода, две одат понатаму

Сите четири тима од групата Ф во Лига Европа конкурираа за пласман во нокаут фазата. Пред последното коло Лацио и Штурм беа лидери со по 8 бода а Феенорд и дански Мидтјиланд имаа по 5 бода но на крај ги стигнаа со победи.

Браво бе дете, една е мајка

Фенербахче максимално, без пораз со 4 победи и 2 ремија ја пројде групата Б во Лига Европа. Во последното коло турскиот тим со 0-2 го победи Динамо Киев, а стрелец на првиот гол беше младиот бисер, 17-годишниот Арда Ѓулер кој под дресот носел маичка со натпис „Мила мамо, многу те сакам“

Да види Емирати што е тоа атмосфера

Со голот на Киран Тирни во 17’ минута Арсенал минимално го совлада Цирих и како прв на табела во Лига Европа оди во следна фаза. На стадионот „Емирати“ гостинските навивачи од Цирих запалија еден куп пиротехника а на домашните им остана само да ги снимаат зошто ретко гледаат таков амбиент.

Дете на Манчестер го праша својот идол Роналдо дали може да му ја искористи прославата за гол

Манчестер Јунајтед го совлада Реал Сосиедад на гости, со деби гол на клинец кој е 19 години помлад од тој што му асистираше, а тоа е Кристијано Роналдо.

Најјакиот гол во кариерата на Пике

Како стопер на Барса, Пике има постигнато 52 гола, ама има еден посебен кога во стилот на Меси му крши кичма на Кордоба, а го легнува и Цезар. Се работи за полуфинале во ЛШ против Интер, сезоната 2009/2010.

Емотивното видео со кое Пике се простува од Барселона и фудбалот

Во сред сезона, сосема неочекувано, Жерар Пике соопштува дека викендов против Алмерија ќе го игра последниот меч на Камп Ноу и воопшто во кариерата. Се работи за продукт на Ла Масија, кој ќе влезе во книгата на легендите на Барселона со која освои сè што можеше, а стана и светски и европски првак со Шпанија. Се повлекува на 35 години, критикуван за игрите во последно време, но горд, со исполнет сон уште од дете, а тоа е Барса.