Каква вечер за Охриѓанецот Џеди Осман

Дваесет и седум годишниот репрезентативец на Турција, роден во Охрид веќе неколку сезони е дел од НБА и има важна улога во Кливленд Кавалирс. Осман синоќа одигра неверојатен меч и во триумфот над ЛА Клиперс 122:99 постигнал 29 поени со шут за три седум од седум за 21 минута на паректот. Најдобар негов тројкашки меч откако е во НБА.

Кливленд Кавалирс игра одлична сезона и во моментов има учинок 31 победа и 21 пораз. На 5-то место се во својата Источна конференција. 

30 јануари 2023 - 14:13