Во Купот на Англија покажан округол црвен картон

Во четвртата рунда од англискиот ФА Куп, Рексам и Шефилд Јунајтед одиграа фантастичен меч со шест гола. На крајот реми 3:3, но и интересен детал со црвен картон.

Англискиот ФА Куп понуди многу интересни натпревари. Во саботата Манчестер Јунајтед со 3-1 го совлада Ридинг, Ливерпул изгуби 2-1 од Брајтон со гол примен во 90+2’ минута, а ќе има и повеќе возвратни дуели откако ремизираа Ипсвич - Барнли, Фулам - Сандерленд, Лутон - Гримбзби, Блекбурн - Бирмингем, Флитвут - Шефилд.

На мечот меѓу Рексам кој е од Велс и игра во петтата англиска лига, и Шефилд Јунајтед од Чемпионшип, на гостинскиот фудбалер Даниел Џејбисон во 71’ минута му беше покажан округол црвен картон што ги зачуди гледачите зошто ретко се гледа такво нешто на терените.

Едно од објаснувањата беше дека „округли, овални црвени картони најпрвин се давале уште од пред неколку години, со цел да им се помогне на играчите кои не можат да разликуваат бои“.

Вакво нешто имало и во ’90-те години, а најпознат пример бил кога главниот судија Урија Рени на меч од Премиер лига му дал ваков црвен картон на Рој Кин.

Интересно, петтолигашот Рексам водеше 3:2 до 90+5’ минута кога гостите од Шефилд израмниле и се избориле за реванш меч на свој терен.

Мајкл Карик прави чуда на клупата на Мидлзборо

30 јануари 2023 - 10:52