Мајкл Карик прави чуда на клупата на Мидлзборо

Оспоруван и како играч, оспоруван и само што почна да се занимава со тренерска професија, Мајкл Карик (41), некогашниот повремен капитен на Манчестер Јунајтед, седнал пред крајот на октомври лани на клупата на давеникот во втора лига - Мидлзборо.

Мајкл Карик откако ја заврши кариерата во 2018-та, решил да тргне по тренерски пат. Доби шанса да биде помошен тренер во Манчестер Јунајтед каде работеше со неколку главни тренери, а во 2021-ва едно време дури и самостојно као привремен тренер го водеше тимот од Олд Трафорд.

Но таа приказна беше кратка и неуспешна зошто Манчестер минуваше низ голема криза, па Карик брзо си отиде.

На 24-ти октомври 2022 Карик добил прилика да седне на клупата на Мидлзборо кој во тој момент бил во зоната на испаѓање, меѓу 19 и 21 место.

Во моментов Мидлзборо е трет во Чемпионшип со големи шанси за плејоф за Премиер лига преку кој би го оствариле сонот за враќање во големото друштво.

Претходниот тренер Вајлдер го оставил Мидлзборо на 14-то место, потоа дошол привремено извесен Лео Перковиќ кој за 5 меча освоил 7 бода но тимот тонел на 19-то место пред испаѓање.

На 10 натпревари Мајкл Карик освоил 22 бода! Во долгата клупска историја на Мидлзборо само легендарниот Брајан Робсон освоил повеќе бодови на 10 натпревари.

Боро прекрасно ја подобрил и гол разликата. Со Карик на клупа имаат 9 триумфи на 10 меча и една нерешена. Гол разлика 25-14 (+11). Во просек даваат по два гола од натпревар и во моментов се трети со 45 освоени бода, 12 зад вториор Шефилд Јунајтед.

Навивачите на некогашниот редовен премиерлигаш кој играше и прекрасно во еврокуповите, сега сонуваат сон дека може да се вратат во елитното друштво каде не биле уште од 2017-та.

На табелата во Чемпионшип убедливо прв и втор се Барнли и Шефилд Јунајтед. Тимот предводен од Белгиецот Венсан Компани во кој игра и нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов иима 62 бода и е на одличен пат за враќање во Премиер лига. Цели 17 бода е Барнли пред третото место кое значи плејоф. Шефилд е втор со 57 бода и исто големи шанси за враќање во елитата.

Во Купот на Англија покажан округол црвен картон

30 јануари 2023 - 11:34