Халк, до вагата да не е нешто? Изгубил 6 килограми за 90 минути фудбал

Триесет и шест годишниот Халк (или Хулк како милувате), уште игра во топ форма за бразилскиот Атлетико Минеиро. Во рамки од 2. коло од бразилското првенство Минеиро, Атлетико Минеиро на гости со 1-2 го совлада Томбенсе. Халк имаше асистенција и гол. Интересно, се измерил и сликал на вага која покажала 97.7 килограми пред натпреварот и 91.9 килограми после мечот.

Натпреварот се играл во 11 часот наутро на 30+ степени на стадионот „Соареш де Азеведо“, а Халк вели дека освен што многу трча на натпреварите, тој пие и многу литри вода, но ваква разлика во килажа за 90 минути фудбал е нереална.

5,7 кг помалку:

31 јануари 2023 - 12:54