Авторот на 10 романи, сопственик на докторат од областа на книжевноста, Хуан Мануел Прада Бланко на почетокот на својот опширен текст за големиот успех на Новак, потсетува на сите околности низ кои тенисерот поминал.
Хуан Мануел Прада доаѓа од земјата која го даде Рафаел Надал, уште еден великан, па затоа овој текст добива на уште поголема тежина.
„Една година откако стана легенда, Новак Ѓоковиќ (кој стана познат како No-Vac No-Covid) стана најуспешен тенисер во историјата. Неговиот најголем ривал, иако се израмнети по бројот на Гренд слемови, никогаш не освои ниту еден Завршен Мастерс турнир.
Тоа што стигна до титулата во Австралија уште повеќе фрла сјај на правдата. Како шлаг на тортата, Бил Гејтс беше на трибините. На тој начин се наградени и сите маки на Ѓоковиќ, кој ја презеде улогата на универзален жртвен јарец пред покорната и кукавичка генерација“, вели Хуан.
Новак сега има 22 Гренд Слема колку што има и Рафа Надал. На патот до последната, рекордна 10-та титула во Мелбурн го следеа многубројни препреки. Го напаѓаа за сè и сешто.
„Откако ја оствари својата надмоќна победа, покажа на глава, на срце и на муда, Новак Ѓоковиќ го крена погледот кон небото и му се заблагодари на Бог. После се гушна со пријателите и семејството и многу се расплака.
Но Ѓоковиќ не ги имитираше оние „пеглачи на гаќи“ кои пред камери плачат за какви било срања, туку го избегна тоа за да нема разни написи за плачењето (Новак со пешкирот се криеше додека долго време плачеше веднаш по триумфот).
Во таа голема прегратка, претставени се сите кои претрпеа големи загуби во последните пар години, кои беа стигматизирани од страна на медиумите или малтретирани на кој било начин, гледани со сомнеж од страна на пријатели и семејство... Фала ти за секоја драгоцена солза, Ноле. Ниедна не е случајно протечена.
Секој љубител на тенисот знае дека никогаш не постоел играч со таков империјален распон на удари и таков мачји инстинкт каков што е Ѓоковиќ. Но и да преброди така жесток удар каков што задоби пред една година во Австралија, да не се втопи во очај и бес, покажа на главата (сила), срце (великодушност) и муда (храброст). Ѓоковиќ не се соочуваше само со ривалите, туку и со непријателскиот сплет на околности кои можеа да бидат надминати само со Божја помош. Без сомнеж му помогна и тврдоглавиот карактер, искован во страшното детство, но најголема поддршка му стигна од висините.
Ѓоковиќ тоа добро го знае, а знаат и сите кои плачеа со него.
Изненадувачки е маса луѓе да не се запраша (или не се осудува) како тоа тенисер од 35 години во последователни мечеви во три сета, еден за друг да победува ривали кои се десет или петнаесет години помлади од него, со брзина, реакција и физичка надмоќ. Тоа е иста причина поради која дебел човек како мене подобро пишува од сите други писатели во Шпанија.
Бог кој не гледа, во темнина нè наградува“, заклучува шпанскиот писател Хуан Мануел Прада.