Навивачите на Лион пред време излегле од стадион, да не им избега последниот траект

Фудбалерите на Лион играат топло-ладно сезонава. Синоќа во 20. коло од француската Лига1 славеа 0-2 на гости кај Ајачио на Корзика. Интересен момент имаше во вториот дел. Навивачите само што го прославиле вториот гол за Лион кој го даде капитенот Александар Лаказет во 71’ минута, после само две минути морале да заминат од стадионот за да го фатат последниот траект кој вози од Корзика назад, за во понеделник да бидат на работа.

Од островот Корзика до градот Лион има околу 670 километри. Прво во траект, па потоа со автобус, од Корзика до Лион има околу 12-13 часа патување.

30 јануари 2023 - 11:08