Сезонава Лука Дончиќ игра како Џордан. Четири пати имаше натпревари на кои уфрли 50 или повеќе поени. Откако паузираше кратко поради повредата на левиот скочен зглоб на мечот со Феникс Санс (излезе од игра после само три минути и не се враќаше на паркет) и со Јута Џез, Лука сега покажа дека е спремен за Ол-Старот.
Во триумфот над Пистонс, Лука постигна 53 поени со шут од игра 17/24, со 8 скока и 5 асистенции. Токму неговите поени беа клучни за победата затоа што Далас се мачеше во текот на целиот меч против најслабиот тим од Истокот.
Словенечкиот репрезентативец синоќа постигна 24 поени во првата четвртина и 18 во третиот период и покажа дека кратката пауза поради која ги пропушти дуелите со Феникс и Јута Џез добро му дошла да одмори.
Синоќа против Пистонс, клупата на Детроиот односно помошниот тренер Џером Ален нешто го задевал Лука на почеток и на крај на мечот, па суперѕвездата не остана должен. Ај што им го наполни кошот до врв туку и тргна сам кон клупата на Пистонс да види за што станува збор:
Luka Doncic Pistons bench pic.twitter.com/6vg5iu4SRT
— That's a highlight (@ClipIt_NBA) January 31, 2023
После мечот изјави: „Нешто мрмореше помошникот на клупата па ако мрморат тие ќе мрморам и јас. Не се плашам“
"If they're going to chirp, I'm going to chirp back."
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 31, 2023
Luka not holding back 👀 pic.twitter.com/BuAGQ58Qpa
Дончиќ претходно го постави и апсолутниот рекорд во историјата на Далас Маверикс со 60 поени против Њујорк Никс.
Во клупската историја на Далас Маверикс само Дирк Новицки постигнал точно 53 поени, на 2 декември 2004-та година во тексашкото дерби со Хјустон.
Мавси сега имаат учинок 27 победи и 25 порази и се на шесто место во Западната конференција.