Offside

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд одиграа натпревар со 5 гола од кои 3 паднаа во судиско и донесоа драма. Следува пеколно полуфинале. Кралевите на мегдан со европскиот првак.

Тешкиот пат до Формула 1 на новиот светски шампион Макс Верстапен

Макс Верстапен е уникатен и модерен пилот во современата Формула 1 и тоа никој не може да го спори. После долги години патувачкиот циркус конечно доби ривалитет кој ја заинтригира јавноста. Урната е хегемонијата на Луис Хамилтон. Ја сруши најмладиот победник во историјата на Гран при (сопственик и на рекордот за најмлад дебитант во Ф1).

Андре Силва со епско промашување во Бундеслигата

Знаете што? 7 метри и 32 сантиметри е ширина на голот, а 2 и 44 е висина. Па ова и јас би го дал на празен гол, рече коментаторот на мечот Лајпциг - Борусија Менхенгладбах 4:1.

Наполи загуби од Емполи со многу глуп гол

Тимот на Лучано Спалети три кола е без победа во Серија А. По ремито со Сасуоло и поразот дома од Аталанта, повторно загубија пред своите навивачи, овој пат со глупоштија од гол.  Камерунецот Андре Франк Замбо Ангиса ја исфрли топката со глава, ама многу несреќно го погоди Кутроне во глава и топката влезе во гол. 85 минути за Елмас кој излезе поради повреда.

Италијанско мавтање со раце може различно да се толкува

Сасуоло по којзнае која сезона по ред игра фудбал за мерак. По цена и да изгубат, црно-зелените играат атрактивно и тоа понекогаш им носи резултат. Откако го урнаа Милан на гости, сега го здиплија и Лацио со 2-1 и тоа после пресврт.

Како тргна да забива, така се одби од табла

Јута Џез го растури Вашингтон Визардс со 123-98, но главен хајлајт од мечот е еден комичен обид на 28-годишниот Кентавиус Колдвел Поуп кој се реши да забива во еден напад, ама како да го утна аголот.

Не умирам ни на 91 година додека моите не станат шампиони уште еднаш

Хезус Санчез им рекол дома дека не планира да се одјави додека не го види Атлас со шампионскиот пехар. Тоа го доживеал само еднаш во животот, во 1951-ра година, кога имал 20 години и еве го сега повторно по 70 години пауза, Атлас е шампион на Мексико и тоа по изведување пенали. Какво чувство.

Професионален фудбалер не смее да го промаши ова

Колку треба да немаш компас или да немаш осет со глава за да направиш ваква утка сам на празен гол? Примеров е од Мексико.

Атракција на Бензема против Атлетико за личен голгетерски рекорд во 2021-ва

Актуелниот шампион на Шпанија капитулираше во мадриското дерби и сега и на -13 со натпревар помалку зад големиот ривал. Карим Бензема ја игра сезоната на кариерата.

Каков луд финиш: Формула 1 доби нов шампион во последен круг од последната трка

После голема драма и неколку чудни одлуки, 24-годишниот Холанѓанец Макс Ферстапен успеа да го симне од тронот апсолутниот шампион Луис Хамилтон и да стане нов светски првак.

На Арапскиот Куп Алжирец даде гол од кој боли глава

Купот на Арабија во организација на ФИФА се игра првпат годинава меѓу репрезентации од арапскиот свет. Овој турнир за првпат во историјата се играл во 1963-та но со прекини низ годините а организатор била UAFA (Арапска фудбалска асоцијација).

Јокиќ виткаше обрачи и со 35 поени го растури Сан Антонио

Денвер Нагетс го доби Сан Антонио Спарс 127:112 а одново најдобар играч на паркетот беше Никола Јокиќ со 35 поени, 17 скока, 8 асистенции и 2 блокади. МВП на НБА лигата буквално правеше што сака на теренот, од луцидни асистенции до силни забивања со кои го виткаше обрачот.

Ибрахимовиќ со прекрасен гол влезе во историја

40-годишниот Златан го спаси својот Милан од пораз на гостувањето кај Удинезе (1:1) со гол во 90+2' минута. Ибрахимовиќ со погодок во негов карате стил ја погоди мрежата и влезе во друштво на Лео Меси и Кристијано Роналдо на уникатната листа од тројца играчи кои дале најмалку 300 гола во најдобрите европски лиги. Лионел има 475, Кристијано 483 а Златан јубилејни 300.

Вујовиќ веќе не е тренер на Вардар, Комити го поздравија со објава

Познати се имињата на потенцијалните кандидати за нов тренер на клупата на двократниот европски првак.

Ве поздрави Здравко Мамиќ, гол качен на шанк

Во Загреб го чека затворска казна, во Мостар е слободен, ама ептен слободен и плус во елемент како што го знаеме. Уво не го боли за казната.

Фантастичен кам бек на Чурлинов со гол и асистенција

По речиси еден месец пауза поради повреда, македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се врати во тимот на Шалке 04 и одигра одлична партија како стартер.

Гласајте за Елмас, кандидат за играч на неделата во Лига Европа

Не се само Наполитанците, Лучано Спалети и италијанските медиумите тие кои го препознаа и уважија одличниот перформанс на Елиф Елмас, туку и УЕФА.

Мала зафрканција во колумбиска лига

Америка Де Кали со 2-1 го победил тимот на Алијанса Петролера. На овој натпревар дувало толку ветер што на судијата во еден момент му летна жолтиот картон, ама брзо му го најдоа за да му го покае на Аранго од Петролера.

И Борјан пука од емоции за успехот на Ѕвезда

Фудбалерите на Црвена Ѕвезда не само што успеаа да ја минат незгодната група во Лига Европа, туку со ремито во Португалија против Брага се изборија за прво место. Тоа значи дека го скокаат плејофот и одат директно во осминафинале кое ќе го играат дури во март.

Дејан Станковиќ како Мурињо на времето

Тренерот на Црвена Звезда еуфорично го прослави првото место во група на Лига Европа за неговиот тим, откако синоќа со Брага одиграа 1-1 и освоија драгоцен бод со кој се на чело на табелата и одат директно во осминафинале. Станковиќ после мечот трчаше ко Мурињо со Порто на Олд Трафорд и со Челси на Камп Ноу.

Видал си гази со Пандата и на снег

Еве го пак царот. Се јави и на невреме.

Драма и пол со одбранетиот пенал на Спартак Москва во 98-ма минута

Наполи и Лестер имаа директен дуел за осминафиналето во ЛЕ, а паралелно во Варшава, Легија утна пенал на крај, со кој можеше драстично да ја промени состојбата во групата Ц. Не за себе, туку за сите други.

Бразилска стадионска фешта каква што нема во Европа

Во меч од последното 38. коло во бразилската Серија А каде Атлетико Минеиро после 50 години стана шампион, играа меѓу другите и Форталеза и Баија. Гостите се бореа за опстанок, домаќинот за прв историски пласман во Копа Либертадорес (јужноамериканска Лига на шампиони). Победи Форталеза со 2-1 а сите три гола паднаа од пенал.

Елмас во фокусот на насловните страници, Спалети му ветил нешто на полувреме

Фантастична ноќ за сјајното момче Елмас како што го нарече Лучано Спалети. Европски бомбардер е еден од насловите во италијанскиот печат, бидејќи македонскиот репрезентативец со два гола го реши Лестер и го однесе Наполи во нокаут фазата од Лига Европа.