
Годинава се игра од 30 ноември до 18 декември во Катар, како подготовка за Мундијалот догодина.
Арапскиот Куп стигна до завшрницата. Таму сега во четвртфиналето Алжир го совлада Мароко на пенали откако во продолженијата прво Алжирците поведоа 2-1 со страшен гол на Јусеф Белаили во 103' минута, а израмни Бадр Бенун во 111' минута.
Погледнете го голот на Белаили, со сигурност еден од најубавите на светот годинава:
Во полуфинале влегоа уште и Катар кој со 5-0 го растури ОАЕ, Египет кој го победи Јордан 3:1 после продолженија и Тунис кој го совлада Оман 2:1.