Јокиќ виткаше обрачи и со 35 поени го растури Сан Антонио

Денвер Нагетс го доби Сан Антонио Спарс 127:112 а одново најдобар играч на паркетот беше Никола Јокиќ со 35 поени, 17 скока, 8 асистенции и 2 блокади. МВП на НБА лигата буквално правеше што сака на теренот, од луцидни асистенции до силни забивања со кои го виткаше обрачот.

Интересно едно дете кое беше облечено во реквизите на Сан Антонио Спарс од глава до пети, после мечот му пријде на Никола Јокиќ чиј дрес држеше во раце и посака да добие автограм:

Покрај Јокиќ, големи заслуги за триумфот со кој Денвер му се реваншираше на Сан Антонио за поразот од пред неколку дена, имаа и Маркус Хауард со 21 поен, Монте Морис 19 поени, а Бонс Хиланд и Арон Гордон уфрлија по 16.

Кај Спарси Лони Вокер беше најефикасен со 16 поени, Девин Васел 15, а Келдон Џонсон и Брајан Форбс уфрлија по 14.

Денвер Нагетс во моментов има учинок 13-13 и е 7. место на Западот. Сан Антонио е 12-ти со учинок 9-16.

12 декември 2021 - 10:56