
Кога Александар Зверев го загуби ланското финале на Ролан Гарос од Алкараз, се обиде да ја дефинира неговата дрскост со која не можеше да излезе на крај во петтиот сет.
„И двајцата сме физички силни. Но, тој е ѕвер, животно е. Во петтиот сет ја промени тактиката и ми ја одзеде моќта“.
365 дена подоцна, Карлос ја одбрани титулата во Франција повторно во одлучувачкиот сет, овој пат против Синер.
Новото издание на Вимблдон го стартуваше пат со победа од 3-2, а отпор му пружи 38 годишниот Фабио Фоњини.
Резервите изгледа дека ги чува за тој петти сет. Одиме со статистика која вреди да се подвлече.
Карлос Алкараз има добиено 14 од вкупно 15 меча во пет сета.
Меѓу нив три слем финалиња. Двете во Париз и едно на Вимблдон 2023 против Ѓоковиќ. Во проценти има добиено 93,3% од натпреварите во одлучувачкиот сет.
Единствениот пораз му е од Италијанец, но не е Синер, туку од Матео Беретини. Тоа се случи во 3. коло на Австралија опен 2022.
Алкараз се појави како 31-ви носител, патот пред него изгледаше блескав, но не и без пречки. Всушност, на 18 и пол години не можеше да се држи во петтиот сет кој го загуби во тај брејк. Од четирите градови, само во Мелбурн нема освоено Гренд слем.
Оваа серија 14 од 15 во петти сет тој ја почна во 2022-ра.
„Што ме прави посебен во овие ситуации? Тоа што се чувствувам многу добро физички. Не знам, мислам дека го подигам мојот тенис, се чувствувам добро и ова ми помага да играм посмирено од мојот противник. Знам дека тој мора да игра на многу високо ниво ако сака да ме победи“.
Оваа способност на Алкараз звучи уште позачудувачка ако се знае дека е подобар статистички и од големата тројка.
Меѓу тенисерите кои имаат најмалку 10 Гренд слем натпревари завршени во одлучувачкиот сет, е прв по победи.
До неговите 93,3%, најблиску е Ѓоковиќ со своите 78,4%. Србинот има 40 победи и 11 порази во мечеви со пет сета. Билансот е помал за Надал: 26 победи и 13 порази. Федерер е заглавен на 58,9%: 33 пати победил, 23 пати бил поразен. Вклучувајќи го и крвавото финале на Вимблдон 2019 против Ѓоковиќ.
Јаник Синер има време за поправен. За сега е на скор од 6 победи и 10 порази. Три од нив му се од Алкараз, неприкосновен во најважниот сет.