Бразилска стадионска фешта каква што нема во Европа

Во меч од последното 38. коло во бразилската Серија А каде Атлетико Минеиро после 50 години стана шампион, играа меѓу другите и Форталеза и Баија. Гостите се бореа за опстанок, домаќинот за прв историски пласман во Копа Либертадорес (јужноамериканска Лига на шампиони). Победи Форталеза со 2-1 а сите три гола паднаа од пенал.

Хајлајтс од натпреварот кој заврши 2-1, победа со која Форталеза првпат заврши 4. место на табелата и ќе игра Либертадорес:

Стадионот се вика „Кастелао“ а народски е прифатено името „Гиганте да Боа Виста“. Има официјално 63.903 седечки места. Форталеза е клуб од градот Сеара во Бразил.

10 декември 2021 - 09:20