И Борјан пука од емоции за успехот на Ѕвезда

Фудбалерите на Црвена Ѕвезда не само што успеаа да ја минат незгодната група во Лига Европа, туку со ремито во Португалија против Брага се изборија за прво место. Тоа значи дека го скокаат плејофот и одат директно во осминафинале кое ќе го играат дури во март.

Еден од јунаците на мечот беше Милан Борјан кој спаси чист гол во судиското продолжение. Солзите под дрес ги криеше од возбуда.

Славјето на Станковиќ

 

10 декември 2021 - 13:02