Потег за огромна почит: Ливерпул ќе го исплати целиот договор на Жота на семејството

Фудбалскиот клуб Ливерпул првично по страшната вест изрази длабоко сочувство до семејството и најблиските пријатели на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, потоа апелираше да се зачува приватноста на семејството, а сега ќе направи и голем човечки гест.

Фото: Epa Images
Фото: Epa Images
Epa Images

Управата на Ливерпул реши да го исплати целиот договор на Диого Жота на неговото ожалостено семејство.

Португалецот имаше 5-годишен договор со Ливерпул со важност до 2026-та година. За годинава 2025 тој требаше да заработи 7.280.000 евра, сума која со онаа и за следната сезона, ќе биде префрлена на сметка на семејството. Тој во Ливерпул дојде во септември 2020-та од Вулверхемптон во трансфер вреден 45 милиони фунти.

Клубот од Енфилд Роуд најверојатно ќе одлучи и да го повлече бројот 20 од употреба во знак на вечна почит кон Диого Жота.

Црвените решија и да го одложат на неодредено време стартот на подготовките за новата сезона.

Погребот на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва ќе биде во сабота наутро во местото Гондомар близу Порто. Се очекува присуство на многу соиграчи на Жота од клубовите и репрезентацијата.

5 јули 2025 - 09:47