Дејан Станковиќ како Мурињо на времето

Тренерот на Црвена Звезда еуфорично го прослави првото место во група на Лига Европа за неговиот тим, откако синоќа со Брага одиграа 1-1 и освоија драгоцен бод со кој се на чело на табелата и одат директно во осминафинале. Станковиќ после мечот трчаше ко Мурињо со Порто на Олд Трафорд и со Челси на Камп Ноу.

„Зборував со синот Стефан по мечот, ми рече: Папи, изгледаше како Жозе против Барселона. Емоциите беа исти, тоа беше ист трк, но јас сум далеку од Мурињо. Имаме многу работа за да дојдеме до она што го имаше Мурињо“, изјави видно емотивен Деки.

„Ова е плод на работата. Многу сработивме, поминавме низ сè. Убав момент. Црвена звезда испиша нов лист историја, како што велат Италијанците. Мораме љубоморно да го чуваме. Кои се границите, не знам навистина“, додаде тренерот на „црвено-белите“ за кого се интересираат италијанските клубови Удинезе и Сампдорија, но тој е решен да ја заврши авантурата во Звезда макар до крајот на сезонава.

 

 

10 декември 2021 - 12:53