Фото: Epa Images
- Некогашниот лев бек на Барселона и холандски репрезентативец Џовани ван Бронкхорст е нов помошен тренер во Ливерпул.
- Ван Бронкхорст имаше големи успеси како главен тренер, освои шампионска титула со Феенорд во Холандија после многу години, во сезоната 2016/2017 и освои два холандски Купа. Потоа беше на кратко во Кина па имаше одличен период во Ренџерс со кој стигна до финале на Лига Европа (пораз од Севиља) и освои Куп на Шкотска. Последно го тренираше турски Бешикташ во 2024.
- Во меѓувреме во Ливерпул се враќа и шпанскиот тренер на голмани Чави Валеро кој седум години беше во Вест Хем Јунајтед.
- Валеро првпат во Ливерпул стигна во 2007-ма на повик на Рафа Бенитез а подоцна го следеше сонародникот во Интер, Челси, Наполи и Реал Мадрид. Од Ливерпул заминуваат тренерите на голманите Клаудио Тафарел (од 2021-ва во Ливерпул) и Фабијан Оте.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.