- Изминатиот викенд, на неколку локации во Национален парк Галичица се одржал едукативен собир за планинско спасување на кој учествувале претставници на организациите членки на Националниот сојуз за планинско спасување.
- Се усогласувале стандардите за имобилизација и превоз на повредени лица од нетехнички планински терени во согласност со препораките од Меѓународната комисија за алпско спасување (ICAR).
- Домаќин на настанот бил Алпинистичкиот клуб Патагонија Охрид во соработка со охридската Планинска спасителна служба при Црвен крст Охрид.
- Направени се големи чекори кон унапредување на планинското спасување но се уште е отворено прашањето за институционална поддршка од страна на државата. Интензивно се работи за изнаоѓање решение за конечно воспоставување функционална и ефикасна Планинска спасителна служба на национално ниво.
- На 2-ри јуни гостин на алпинистичкиот клуб Патагонија бил и министерот за спорт Борко Ристовски.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.