- Шеј Гилџес-Александер и Оклахома потпишаа продолжување на договорот за 4 години до 2031-ва за 285 милиони долари, што е рекорд во НБА и рушење на рекордот на Јокиќ кој во 2022-ра со Денвер потпиша 5 годишниот договор за 276 милиони.
- Канаѓанецот не влезе во лигата со очекувања за суперѕвезда. Беше 11-ти избор на драфтот во 2018 и беше продаден од Лос Анџелес Клиперс во Оклахома по неговата дебитантска година. Оттогаш неговата кариера се движи во нагорна линија.
- Тој не само што ја предводеше Оклахома до шампионската титула и до најдобриот резултат во лигата, туку ги освои и големите индивидуални награди, за МВП во регуларниот дел од сезоната и во финалната серија, како и титулата за најдобар стрелец.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.