Салах со трогателни зборови се прости од Жота

Ако некој беше во најнепосредна близина на Диого Жота на теренот, тоа често беше Мохамед Салах, најдобриот фудбалер во англиската Премиер лига кој стана најдобар стрелец сезонава кога ја освоија титулата. По капитенот и заменик капитенот Вирџил ван Дајк и Робертсон, сега од Жота се прости и Мо.

Epa images
Epa images
Photo: EPA Images

„Навистина немам зборови. До вчера, никогаш не би помислил дека има нешто што би ме плашело да се вратам назад во Ливерпул после одморот. Соиграчите доаѓаат и си одат но не вака. Ќе биде екстремно тешко да се прифати дека Диого нема да биде тука кога ќе се вратиме.

Моите мисли се со неговата сопруга, деца и секако неговите родители кои одеднаш ги загубија своите деца. На блиските на Диого и брат му Андре им треба сета поддршка што може да ја имаат. Никогаш нема да бидат заборавени“, напишал Мо Салах кој признава дека сега ќе им биде тешко да се вратат на теренот.

 

4 јули 2025 - 14:22