Ибрахимовиќ со прекрасен гол влезе во историја

40-годишниот Златан го спаси својот Милан од пораз на гостувањето кај Удинезе (1:1) со гол во 90+2' минута. Ибрахимовиќ со погодок во негов карате стил ја погоди мрежата и влезе во друштво на Лео Меси и Кристијано Роналдо на уникатната листа од тројца играчи кои дале најмалку 300 гола во најдобрите европски лиги. Лионел има 475, Кристијано 483 а Златан јубилејни 300.

Ибрахимовиќ постигна 153 гола во италијанска Серија А, 113 во француската Лига 1, 17 во Премиер и 16 во Ла Лига. Во оваа статистика се екипи од Топ 5 лигите во Европа, а Ибра има уште 35 гола за Ајакс и 53 во МЛС во САД.

12 декември 2021 - 10:24