Гласајте за Елмас, кандидат за играч на неделата во Лига Европа

Не се само Наполитанците, Лучано Спалети и италијанските медиумите тие кои го препознаа и уважија одличниот перформанс на Елиф Елмас, туку и УЕФА.

Европската куќа на фудбалот го смести македонскиот репрезентативец во тесно друштво со уште тројца играчи кои конкурираат за играч на неделата во Лига Европа.

Елмас за признанието ќе се бори со голманот на Спартак Москва кој и одбрани пенал на Легија Варшава во 98-ма минута, вреден директен пласман во Лига Европа.

Потоа со Микел Ојарзабал од Реал Сосиедад, кој беше двоен стрелец во директниот дуел против ПСВ во битката за втората позиција во групата. Шпанците славеа 3:0, а Холанѓаните продолжуваат во Конференциска лига.

И трет противкандидат му е Мислав Оршиќ кој со евроголот во Лондон, го однесе Динамо Загреб во плејофот.

За да гласате клик ТУКА

Елмас во фокусот на насловните страници, Спалети му ветил нешто на полувреме

10 декември 2021 - 14:43