Елмас во фокусот на насловните страници, Спалети му ветил нешто на полувреме

Фантастична ноќ за сјајното момче Елмас како што го нарече Лучано Спалети. Европски бомбардер е еден од насловите во италијанскиот печат, бидејќи македонскиот репрезентативец со два гола го реши Лестер и го однесе Наполи во нокаут фазата од Лига Европа.

Во последното коло од групната фаза, Наполи го доби дома Лестер со 3:2, победа вредна плејоф во второто по ранг клупско европско натпреварување.

По брзиот гол на Оунас, Елиф Елмас во 24-та минута ја дуплираше предноста, но Англичаните успеаа да се вратат и на полувреме да стигнат до израмнување.

Херојот на вечерта постигна втор гол во 53-та минута со кој го реши мечот и го однесе Наполи во следната фаза како втор во група со 10 бода, исто колку што има првопласираниот Спартак Москва. Трет е Лестер, а Легија четврта.

Една од главните алки во играта на македонската репрезентација добива сè поголема доверба и пофалби од Лучано Спалети.

Италијанските медиуми го величаат на насловните страници, а Спалети му ветил дека ќе се фрли на терен ако даде уште еден гол.

КОРИЕРЕ ДЕЛО СПОРТ

ГАЗЕТА ДЕЛО СПОРТ

Спалети: Елмас е фантастичен

Елмас: Задоволен сум за головите и пласманот. Имаме вистински тим со карактер.

Елмас е играч кој под ваше водство игра постојано. Кога пристигна не играше толку централно како сега.

„Тој е пред сè фантастично момче и знае да се прилагоди и да се справи добро на секоја позиција. Кога сте во тешкотии го ставате него и тој секогаш ги прави вистинските работи. На полувреме беше нервозен и му беше жал за нешто, бидејќи не му успеало добро. Му реков дека ако даде уште еден гол ќе се фрлам на земја. Јас бев воздржан до крај, а тој даде гол како вистински фудбалер.

Еднаш изјавивте дека не знаете која е неговата позиција?

„Ние му помагаме. Елмас е фудбалер кој досега одигра 29 натпревари. Кога беше да игра репрезентација одигра три натпревари и секогаш беше стартер. Играше повеќе од сите, дури и од Ди Лоренцо и секогаш со прифатлив пристап“, изјави Спалети по мечот.

10 декември 2021 - 08:11