Со двата гола на Елмас, Наполи го совлада Лестер со 3:2, а другиот меч во групата меѓу Легија Варшава и Спартак Москва заврши 0:1.
Со овие два резултати Спартак Москва се пласираше во осминафиналето, Наполи од плејофот од Лига Европа, а Лестер продолжи во Конференциска лига.
Спартак Москва 10, Наполи 10, Лестер 8, Легија Варшава 6
За да ви биде појасно, погледнете каков е конечниот изглед на табелата, а сега каков можеше да биде доколку Легија го реализираше пеналот во 98-ма минута.
Легија Варшава со нерешен резултат повторно ќе завршеше последна на табела, но во тој случај ќе и одмогнеше на Спартак Москва, а ќе им помогнеше на Наполи и Лестер, особено на премиерлигашот.
Ако Томас Пекхарт реализираше од 11 метри, табелата ќе изгледаше вака:
Наполи 10, Лестер 8, Спартак Москва 8, Легија Варшава 7
Што значи Русите се спасија во 98-та минута бидејќи лидери можеа да бидат учесници во Конференциска лига. Елмас и другарите како први ќе избегнеа противник од третопласираните екипи од ЛШ, а место за ЛЕ ќе имаше и за Лестер.
Каква трилер ситуација во Ц групата со одбранет пенал и тоа досуден со ВАР кој изгледа и на сомнителен.
Голот на Спартак за осминафинале
Пеналот и ВАР снимката
Пеналот од навивачки агол
Лудото славје на фудбалерите на Спартак Москва кои мислиш трофејот го освоиле.