Offside

Најдобриот македонски голман им се приклучи на тренинзите на Валенсија од пред повеќе од две недели, а во меѓувреме бранеше и на пријателската средба против Стоук Сити која заврши 1-1. Кумановецот во разговор за шпански медиум раскажа за новата сезона и што ги чека во неа.

Како Новак цепа течно пет јазици

Додека животот му го посвети на тенисот за да стигне до рекордни 24 Гренд слем титули и вкупно 97 трофеи, Ѓоковиќ успеал да најде време и да стане полиглота. Зборува англиски, шпански, италијански, германски, француски и по малку кинески.

Другари, дојдете да ви кажам како се влегува на ЛШ без карта

На стадионот на Борусија Дортмунд тешко се стига до карта, особено за Лига на шампиони на меч против премиерлигаш од каде и меѓу гостите е тепачка за место. Чаре? Треба да ја погодиш маската.

Машки свет неразбирлив

Група ирски навивачи еднаш на некое гостување се собрале пред бутик на Викторија Сикрет.

Антетокумбо броеше до 54

Грчкиот репрезентативец стана прв играч во историјата на НБА кој покрај 50+ поени на еден натпревар имал уште и 12 скока. Јанис Антетокумбо на мечот кој неговиот Милвоки Бакс го загуби од Индијана Пејсерс 126:124 за 37 минути постигна 54 поени (19/25 од игра) и беше на поен од неговиот личен рекорд во НБА кариерата. Имаше дабл дабл учинок со 12 скока.

18-годишен голман на Тулуз водеше журка по триумф над Ливерпул

Француски Тулуз е едно од најпријатните изненадувања во Лига Европа. Имаат 7 бода и се на второ место во група со Ливерпул, Унион Сен Жило и ЛАСК Линц. Синоќа со 3-2 ги совладаа црвените и тоа им е еден од најголемите историски триумфи во еврокуповите. 

Баерн Минхен дава повеќе од 3 милиони евра за 17-годишен фудбалер од Танзанија

Се вика Нестори Иранкунда. Доаѓа од Танзанија. Роден е на 9 февруари 2006-та година како четврто од седум деца на неговите родители Гидеон и Дафроза во градот Кигома во оваа јужно-африканска земја. Бегаат од цивилна војна и се селат во Перт во Западна Австралија, пред да се преселат во предградие на Аделаиде во Јужна Австралија. Таму почнува да игра фудбал и стигнува до првиот тим на Аделаиде.

Каква фешта во Бразил, Гремио губеше 3-1 на полувреме па Суарез направи шоу

Уште едно големо дерби на бразилскиот фудбал заврши спектакуларно. Ботафого и Гремио режираа луд меч со дури седум гола.

Добро, како успеваат вака да глумат?

Веќе не се знае во која лига и на кој турнир ова се случува. Глумат секаде и за тој пусти пенал излегаат смешни, па и банални. Погледнете го Србинот Митај Гачиновиќ од АЕК, како го свитка ноџето против Олимпик Марсеј. Па ова е неверојатна умешност. За апсурдот да биде поголем, од срам, веднаш се извини кога стана.

Фешта за ослободувањето на татко му на Луис Диаз

Само два дена откако даде гол во Премиер лигата и извади маица „Ослободете го татко ми“, заврши двонеделната голгота на Луис Диаз околу киднапирањето на неговите родители во Колумбија. Прво ја ослободија мајка му, а подоцна и татко му. Фамилијата и пријателите го пречекаа со славје.

Клоп го прекина пресот кој го држеше во необични услови

Ливерпул загуби од Тулуз со 3:2, но и натаму останува прв во својата група во Лига Европа. „На кој му текна тука да се одржува прес конференцијата?“, праша германскиот стратег, кој со право се чудеше на амбиентот.

Асистенцијата на сезоната е резервирана за Иско

Бетис очекувано го збриша Арис Лимасол со 4:1 во ЛЕ и сега погледнете убаво како ја запечатија победата во 94-та минута. Бековска до Иско, па магија од пас до Абде Езалзули и тука завршува акцијата со две додавања.

Не се чекаше многу на одговор на Мурињо до Сари

Тренерот на Лацио Маурицио Сари по триумфот над Феенорд во Лига на шампиони а во пресрет на вечното римско дерби во недела (18:00), го пецна Жозе Мурињо. „Тие играат пријателска а ние вечерва водевме војна“, рекол Сари за мечот на Рома против Славија Прага во Лига Европа и за дуелот на Лацио во Лига на шампиони.

Мора да видите едно додавање од Мегваер

Колку човек и да се труди да ја игнорира онаа Твитер булумента што едвај чека Хари да направи некој циркус па да го развлекуваат со денови, Мегваер е упорен во своето.

Вади кабли, гаси светло

На реваншот од големото финале на плејофот во Перу, Универзитарио на гости ја совладал Алијанца Лима со 0-2 и после првиот меч кој завршил 1:1 ја освоил шампионската титула. Во истиот момент кога судијата отсвирил крај, наеднаш снемува светло на цел стадион и во преносот не се гледа прославата на гостинските фудбалери.

Како реагираа англиските медиуми на крахот на Ман. Јунајтед?

Таман кога навивачите на некогашниот европски шампион ќе помислат дека некое светло ѕирка од тунелот, ќе дојде следно коло и ќе им спушти ролетни. Така беше синоќа во Копенхаген каде што данскиот шампион го совлада Манчестер со 4-3 иако гостите водеа убедливо 0-2.

Кал до колена, корнер во гол аут

Во најдобрата холандска лига Ередивизија, Го Ахед Иглс со 5-1 го декласираше Витезе, а во сивилото на гостите најмногу потона фудбалерот кој се вика Милион Манхеф. Тргна да изведува корнер во жива кал.

Фото на колото

Манчестер Сити со 3-0 го победи швајцарски Јанг Бојс кој немаше шут на голот на ривалот. Во еден момент Џек Грилиш се загледал во гостинските навивачи пред нивниот сектор.

Интересни одговори на тениско прашање за играчите на Јувентус

Фудбалерите на Јувентус се во добра серија, играат во одлична форма и се при врвот на Серија А. На тренинзите работат напорно додека се играат еврокупови, а имаа и интересни одговори на прашањето кој ќе победи на завршниот тениски собир на најдобрите во Торино сега во ноември (од 12-ти до 19-ти).

Каков татко таков син - Маркус Турам како Лилијан

Легендарниот француски одбранбен играч Лилијан Турам се прослави во дресовите на Парма, Јувентус и Франција со која стана светски шампион. Неговите синови го наследија во професионалниот фудбал, а Маркус стигна и до 9-та во Интер. Тој синоќа против РБ Салцбург во Лига на шампиони потсети исто на трковите на татко му во 95-та минута кога сите веќе папсаа на теренот.

Навивач со палестинско знаме го прекина мечот Копенхаген - Манчестер Јунајтед

Најинтересниот дуел во Лига на шампиони, оној меѓу Копенхаген и Ман. Јунајтед кој го добија Данците 4:3 иако губеа 0:2, во еден момент беше прекинат поради упад на терен од гледач кој вееше палестинско знаме со натпис „Слобода за Палестина“.

Јокиќ ги разби Стеф Кари и Голден Стејт

Во уште една голема битка, Никола Јокиќ излезе како победник. Шампионот Денвер Нагетс со 108:105 го победи повеќекратниот првак Голден Стејт и сега има фантастичен учинок од 8 победи и 1 пораз.

Луд меч на „Паркен“, Манчестер Јунајтед на колена во Копенхаген

Фудбалерите на дански Копенхаген направија најголемо изненадување во 4. коло од Лига на шампиони откако на својот стадион се вратија од 0:2 против Манчестер Јунајтед и на крајот славеа во меч со дури 7 гола. Хари Кејн го скрши отпорот на Галатасарај со два гола, а Реал и Интер се пласираа понатаму.

Најчудниот старт со кој беше сопрен Роналдо

На 6-ти јуни 2004-т година на меч од квалификации меѓу Чиле и Бразил, одбранбениот фудбалер на Чилеанците, Луис Фуентес успеа да го сопре Феноменот со необичен старт. Во Јужна Америка овој потег го завикале „кулебриња“ а некои го викаат и змиски потег.

Со 40 години Пепе стана најстар стрелец во Лига на шампиони

Поточно со 40 години и 254 дена, капитенот на Порто и легенда на португалскиот фудбал, синоќа во триумфот на неговиот тим против белгиски Антверпен од 2:0 влезе на вечната листа.