За повеќе од 20 години на АТП турнеата, популарниот „Стен д мен“ освои 3 Грен слем титули, оствари 590 победи на професионално ниво и дојде највисоко до 3. позиција на светската ранг листа.
Во време на силна конкуренција, на крилјата на искуството им пркосеше на очекувањата. Се натпреваруваше во ера на големата тројка (Ѓоковиќ, Федерер, Надал) а тоа не беше воопшто едноставно. Како највпечатлив пример се издвојува Отвореното првенство на САД 2016-та. Во 31 година се соочи со притисок дека тоа е неговата можеби последна реална шанса да освои уште една голема титула.
Го победи Новак Ѓоковиќ во 4 сета и стана најстар шампион во поединечна конкуренција на УС Опен. Тоа му беше 3 Грен слем титула а во сите три финалиња го совладуваше Ѓоковиќ.

Интересно тој има 15 изгубени финалиња и 16 освоени трофеи во кариерата. 41-годишниот Вавринка синоќа ја заврши кариерата со пораз од Чехот Јиржи Лехечка.
Вавринка има и злато од Олимписките игри во Пекинг 2008 кога заедно со Федерер во дубл го совладаа шведскиот пар Аспелин/Јохансон. Со Роџер Федерер блескаа и во Дејвис Купот кој го освоија 2014-та.
Извор: Спортски журнал