Сме виделе сè од Кари, ама вакво нешто никогаш

Во големото дерби на вечерта ЛА Клиперс со 130-125 го совлада Голден Стејт Вориорс и има сега 36 победи и 17 порази. Стеф Кари во поразот имаше 41 поен со 4 скока и 5 асистенции. Во еден момент после мечот додека одел кон соблекувалнте, од тунелот кај подтрибинскиот простор решава да проба нешто. И му успева. Ова не е нормално.

Кај победничкиот ЛА Клиперс шест играчи беа двоцифрени а најефикасни беа Џејмс Харден со 26 поени, 8 скока и 7 асистенции, Пол Џорџ додаде 24 поени со по пет скока и асистенции, Норман Пауел имаше 21 поени, Амир Кофи 14 поени а Ивица Зубац забележа дабл-дабл со 13 поени и 10 скока. Расел Вестбрук стигна до 15 поени со 5 скока и 6 асистенции. 

15 февруари 2024 - 12:05