Кога Стеф Кари како мал го гледал татко му на Ол-Стар

Стеф Кари со 4 шампионски титули, 2 МВП награди за најдобар играч во НБА, 10 учества на Ол-Стар, број 1 тројкаш во историја на лигата, важи за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. Денес на 35 години и натаму е неверојатен шутер и дриблер и го води својтот Голден Стејт Вориорс чиј член е цели 15 години!

Стеф Кари е син на Дел Кари, некогашниот врвен бек шутер на Јута Џез, Кливленд Кавалирс, Шарлот Хорнетс, Милвоки Бакс и Торонто Репторс.

Дел Кари еднаш се натпреварувал и на турнирот во шутирање тројки на Ол-Стар каде годинава ќе учествува и Стеф кој е најдобар тројкаш на сите времиња во НБА. Тогаш малиот Кари го гледал татко му како шутира тројки ретко кој помислувал дека еден ден тоа дете ќе стане најдобриот шутер на цел свет.

Интересно Стеф Кари на 17-ти февруари ќе учествува на турнирот во шутирање тројки против Сабрина Јонеску, најдобрата тројкашка во женската WNBA. Стеф два пати победил во турнирот за тројки на Ол-Стар викенд (2015 и 2021).

На женскиот Ол-Стар викенд 2023-та Сабрина Јонеску во турнирот за три поени погодила 25 од 27 тројки што е најмногу во НБА историјата и повеќе од рекордот на Стеф Кари со 31 тројка на турнирот во машка категорија. Сабрина Јонеску е родена во Калифорнија (САД) од мешан романско-американски брак.

Стеф Кари е и рекордер по број на тројки (16) на Ол-Стар натпреварот во 2022-ра.

Стеф Кари има и помал брат Сет Кари кој исто така одамна е во НБА а во моментов го носи дресот на Шарлот Хорнетс. Сет има 33 години и игра исто како Стеф и како татко му Дел, бек-шутер.

Легендарниот Магзи Богс кој со Дел Кари беа соиграчи во Шарлот и добри другари, за малиот Стеф еднаш раскажал:

„Тој (Стеф) беше како мал сунѓер, знаете, упиваше секаква информација каде и да одеше. Дел и јас игравме 11 години заедно. Девет во Шарлот и две години во Торонто, така што Стеф ми е како мало внуче. Многу сум благодарен што сум тука да бидам сведок на тоа што тој го прави во кариерата. Мислам дека е рекордер, сметан за еден од најдобрите шутери во НБА на сите времиња“, рекол Богс.

14 февруари 2024 - 14:40