Надал: „Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња“

Легендарниот шпански тенисер и еден од најголемите спортисти во историјата во интервју за Ел Објетиво признал дека Новак Ѓоковиќ е број 1 на сите времиња во белиот спорт и објаснил зошто.

Новак Ѓоковиќ има 24 Гренд слем пехари и е апсолутен рекордер. Рафаел Надал е на 22 Гренд слем титули а Роџер Федерер освои 20. Оваа тројка е со сигурност најдобрата откако се игра тенисот.

Рафа Надал даде одговор и ја потсмири вечната дискусија.

„Фрустрацијата на Новак на терен трае само кога ќе го крши рекетот. Веднаш после пак е спремен да се натпреварува на 100% и затоа е човек кој постигна најмногу во историјата на целиот наш спорт“, рекол Надал во интервју со водителката Ана Пастор од Ел Објетиво.

Таа му поставила и директно прашање дали е Новак најдобар во историјата?

„Броевите велат дека е - секако дека е. За мене е најдобар по сето тоа што сум го видел.

Да, никогаш не сум имал проблем да... Никогаш не сум имал никакво его да зборувам работи кои не ги чувствувам. На крајот од краиштата, можеме да кажеме дека јас бев повреден на толку и толку Слемови а тој не беше. Но тој има подобро тело од моето а тоа исто така се смета.

Мислам дека е Новак добра личност, со свои грешки, грешки кои со своите постапки ги нагласува, но е добра личност. Кога ќе видам некој кој е толку успешен не сакам да се лутам“, рекол Надал кој ќе го пропушти турнирот во Доха.

15 февруари 2024 - 09:35