Мајсторски гол на Роналдо, нова прослава и клупски настап број 1.000

И Кристијано Роналдо синоќа имаше натпревар во Лига на шампиони, ама во азиската каде му донесе минимална победа на својот тим.

Ал Наср славеше со 0:1 на гостувањето кај Ал Феиха на првиот осминафинален меч од двомечот во азиската ЛШ.

Мечот го реши Роналдо со убав лоб на прва, после одлично двојно проигрување.

За него ова е прв погодок во 2024-та, а статистиката вели има 746 клупски голови или вкупно 874 во кариерата која му почна во 2002-ра година.

Овој натпревар ќе го памети по големиот јубилеј од 1.000 клупски настапи во пет екипи или 31 натпревар за Спортинг, 346 за Манчестер јунајтед, 438 за Реал Мадрид, 134 за Јувентус и 51 за Ал Наср.

Осминафиналниот реванш дома, Ал Наср го игра за една недела.

15 февруари 2024 - 08:55