Провоцира па после се лути и плаче кога го вреѓаат
Винисиус Жуниор е врвен фудбалер. Сјајно игра за Реал Мадрид и за Бразил ама има некоја глупава потреба да ги иритира домашните навивачи каде и да игра. Во Шпанија поради тој циничен став често го навредуваат со мајмунски крици, го пцујат и плукаат од трибините па се жали дека оваа земја била фашистичка. А така се однесуваше и во Лајпциг каде ги нервираше сите од прв до последен.