Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Сити го победи Стоук со помош на реклами

Фудбалерите на Стоук се познати по нивната тактика на долги уфрлувања при изведувањето на аути, па Манчестер Сити им го скрати просторот до теренот со помош на рекламните паноа.

Што ќе гледаме на спортските терени во 2013

2012-та година беше богата со спортски настани, но ништо посиромашна нема да биде ни 2013-та. Нема да гледаме Европско првенство во фудбал и Олимписки игри, но ќе има многу други големи настани кои ќе ги задоволат вкусовите на сите љубители на спортот.

Спортска 2012 низ бројки

Спортот е опкружен со бројки и целиот спорт се врти околку статистиките, па ова се бројките кои ја одбележаа годината. Некои ја променија историјата на спортот, а некои се тотално небитни.

Махер на колото

Годината ќе ја завршиме со еден махерски тикет со надеж дека во 2013-та година ќе ни праќате повеќе добитни, а помалку малерски ливчиња.

Малдини: „Јас повеќе не сум дел од семејството Милан“

Клупската легенда на Милан, Паоло Малдини отворено проговори за лошата политика на раководството и неговото отпишување од клубот чиј дрес го носеше 25 години. „Милан ја загуби магијата."

Хокеј тепачка на годината

Тамам ќе заклучиме дека ја имаме тепачката на годината, некој друг ќе се погрижи да не демантира. За крај на годината, хокеарите на Хантсвил и Мисисипи од американската АХЛ лига ни приредија една квалитетна масовна тепачка.

Започнаа „четирите скокалници“

Неколку работи го одбележуваат испраќањето на старата и пречекувањето на новата година. Тоа се кифличките, руската салата, концертот на виенската филхармонија и новогодишната турнеја на четирите скокалници.

ФИБА ќе ги менува кошаркарските правила?

На заседанието на техничката комисија на ФИБА кое ќе се одржи во јануари во Сингапур, ќе се разгледуваат предлози за промени на правилата на кошарката кои би влијаеле на атрактивноста на играта.

Патентот на Венгер

На Арсен Венгер му се расипа патентот на натпреварот против Њукасл и веднаш тој стана хит на интернет, па си доби дури и порно верзија.

Најдобрите 100 голови во 2012

ФИФА ги објави своите номинации за гол на годината, а од веќе добро познати причини помеѓу нив не е голот на Ибра. Потоа еден медиум објави свој топ 10, друг медиум објави топ 5 голови... и пак некој гол фали. Затоа, еве ги најдобрите 100 голови за 2012 и тука нема утка.

Македонскиот Марадона од Карпатите

Минатиот месец објавивме една мајсторија од синот на Георге Хаџи и на кратко пишавме за македонското потекло. Во меѓувреме добивме повеќе писма од читатели кои побараа повеќе информации, па еве ја приказната за Македонецот Георге Хаџи.

Најдоброто од светот на тенисот

Вчера ги видовме 10-те пинг-понг мајстории, па редно е денес да ги прикажеме и најдобрите поени од светот на тенисот во 2012-та година.

12 моменти кои ја одбележаа 2012

Фудбалот воодушеви, маѓепса и предизвика емоции во 2012-та. Ова се 12-те моменти од оваа година кои ФИФА ги издвои како моменти кои ќе останат запаметени.

Ликот кој инспирира фудбалски ѕвезди

Јапонскиот фудбалер Озора Цубаса бил инспирација за многу фудбалски ѕвезди како Наката, Дел Пјеро, Торес, Зидан, Меси, Виери... но неговото име нема да го најдете во јапонската репрезентација. Тој е само анимиран лик.

Глупи правила

Судијата Ван Де Валде го собра гневот на фудбалските фанови од Белгија откако му покажа жолт картон на Џузепе Росини кој го соблече дресот и со порака на својата маица и солзи во очите му го посвети својот гол на починатот дедо.

Најдобрите потези за 2012

Секоја сабота Скај спортс на својата емисија Soccer AM ги прикажува најдобрите потези од изминатите 7 денови, а како што е редот, на последното издание беа прикажани најдобрите фудбалски мајстории од 2012-та година.

Љубителите на фудбалот ги победија ФИФА и УЕФА

Судот за правда на Европската Унија застана во одбрана на правото на фудбалските фанови да можат да ги гледаат натпреварите од Светското и Европското првенство бесплатно на телевизија. Фудбалски фанови 1 - ФИФА и УЕФА 0.

Најдобрите пинг понг мајстории во 2012

Иако се работи за помалку популарен спорт во Европа, сепак во пинг понгот има и возбудливи потези. Ова се најдобрите 10 мајстории за 2012.

Грифин и камерманот

Блејк Грифин не беше многу расположен на паркетот за време на божиќниот натпревар против Денвер, но затоа пак беше расположен за зезање со еден од камерманите.

Холандија и Белгија ќе формираат заедничка лига

Додека фудбалските клубови од овие простори со години само разговараат и ништо не превземаат околу формирање регионална лига, а фудбалот си тоне, Белгија и Холандија за 2 години ќе стартуваат БеНе Лига.

Нов удар за Мурињо од навивачите

По втор пат по само неколку денови навивачите на Реал Мадрид го дадоа своето мислење за тренерот Жозе Мурињо. Откако пред 2 дена гласаа за неговото заминување, денес тие му дадоа најниска оценка за сработеното во досегашниот тек на сезоната, а највисока оценка доби „избришаниот" капитен Касиљас.

Фетел избран за најдобар спортист во Европа за 2012

Шампионот во Формула 1, Себастијан Фетел е прогласен за најдобар спортист на Европа за 2012-та година во традиционалниот избор на 25 новински агенции од Европа.

Инцидентите на Грожан

Роман Грожан се има прославено со бројните судари за време на трките во Формула 1 и ГП2 серијата, па си доби и видео компилација со сите негови најжестоки инциденти.

Дедо Мраз се повреди на натпревар на Чикаго Булс

Дедо Мраз привремено го прекина доставувањето пакетчиња додека ги санира повредите здобиени при неговиот обид да забие на божиќниот натпревар во НБА помеѓу Чикаго и Хјустон.