Пред само 2 дена скоро 100.000 посетители на вебстраната на шпанскиот весник Marca одговорија на прашањето „Дали Реал Мадрид треба да го отпушти Мурињо". Дури 82,4% од нив гласаа со „Да".
Денес навивачите на Реал Мадрид му удрија нови две шлаканица на нивниот тренер. Во анкетата на истиот медиум, тие ги оценуваа играчите и тренерот за до сега сработеното, а најниска оценка според нив (3,5) доби Мурињо.
Втората шлаканица се највисоките оценки (6,9) за капитенот Икер Касиљас и неговиот заменик Серхио Рамос. За потсетување, Мурињо има(ше) недоразбирања и со двајцата свои најдобри играчи. Рамос беше седнат на клупа на натпреварот против Манчестер Сити, а Касиљас за прв пат по 10 години не се најде во стартниот тим на Реал Мадрид на последниот дуел со Малага.
На третото место со оценка 6,6 е Кристијано Роналдо, а зад него се Чаби Алонсо, Каљехон, Озил и Бензема.