Спортска 2012 низ бројки

Спортот е опкружен со бројки и целиот спорт се врти околку статистиките, па ова се бројките кои ја одбележаа годината. Некои ја променија историјата на спортот, а некои се тотално небитни.

1 - прва титула за Челси во Лигата на шампиони откако во финалето беа поуспешни од Баерн Минхен

2 - Мајами Хит ја освоија својата втора титула во НБА лигата откако во финалето беа подобри од Оклахома, а Леброн Џејмс беше МВП на финалето

3 - Себастијан Фетел и Ред Бул по трет пат во серија ги освоија титулите во Формула 1

4 - спортисти ја претставуваа Македонија на Олимписките игри во Лондон

7 - бројка што го одбележа тенисот. Рафаел Надал по 7-ми пат го освои Ролан Гарос, Давид Ферер освои најмногу титули (7) оваа година, а Роџер Федерер исто така по 7-ми пат го освои Вимблдон.

9,63 - секунди му беа потребни на Усеин Болт за да ја одбрани титулата на 100 метри

22 - медали освоени од Мајкл Фелпс со што тој стана најтрофејниот олимпиец

49 - натпревари без пораз за Јувентус

86 - рекорди срушени на Олимпијадата

91 - голови постигна од Лионел Меси со што го сруши рекордот на Герд Милер од 1972 за најмногу голови во календарска година

100 - победи за Икер Касиљас на 137 натпревари за репрезентацијата на Шпанија. Тој исто така го држи и рекордот со 79 натпревари без примен гол

346 - километри на час беше најголема регистрирана брзина во Формула 1 во 2012 од страна на Кими Раиконен

962 - вкупно доделени медали на Олимписките игри во Лондон

3.497 - километри без извозени низ 765 градови и села во Белгија, Швајцарија и Франција на 99-то издание на Тур де Франс кое го одбележа триумфот на Бредли Вигинс

31.800 - гуми беа потрошени на трките во Формула 1 оваа сезона. 22.500 гуми за суво, 9.300 за дожд и 6.600 за тестирање

31 декември 2012 - 11:51