12 моменти кои ја одбележаа 2012

Фудбалот воодушеви, маѓепса и предизвика емоции во 2012-та. Ова се 12-те моменти од оваа година кои ФИФА ги издвои како моменти кои ќе останат запаметени.

Емотивната титула на Замбија
12 февруари
Репрезентацијата на Замбија го изненади светот освојувајќи го Африканскиот куп кој се одржа во Габон, местото каде во 1993-та година во авионска несреќа загинаа сите членови на националниот тим на Замбија.

Чудото на Муамба
17 март
Членот на Болтон, Фабрис Муамба колабираше на натпреварот против Тотенхем, но преживеа и покрај тоа што неговото срце не работело 78 минути.

Агуеро во последен момент
13 мај
Со голот на Серхио Агуеро во 95-та минута, Манчестер Сити ја освои првата титула по 44 години.

Последниот удар на Дрогба
19мај
Дидие Дрогба го постигна израмнувачкиот гол на финалето од Лигата на шампиони, а потоа го реализираше и последниот пенал за првата европска титула на Челси.

Тахити го освои континентот
10 јуни
Сите досегашни титули од Купот на нации од Океанија им припаднаа на Австралија и Нов Зеланд, но оваа година Тахити направи големо изненадување и го освои континентот.

Потонувањето на Ренџерс
14 јуни
По 140 години историја и рекордни 54 титули, фудбалскиот клуб Ренџерс беше ликвидиран и преселен во 4-та лига.

Паненката на Пирло
24 јуни
Италија ја елиминираше Англија во четврт-финалето на ЕУРО 2012 по изведувањето на пенали каде Андреа Пирло се истакна со неговата паненка.

Финалниот замав на Шпанија
1јули
Репрезентацијата на Шпанија беше критикувана за неимпресивните игри во текот на ЕУРО 2012, но во финалето против Италија докажаа зошто оваа ера им припаѓа на нив.

Морган го реши трилерот
6 август
Алекс Морган со гол во последна минута од продолжението го реши највозбудливиот натпревар на женскиот Олимписки турнир помеѓу САД и Канада кој заврши со резултат 4:3.

Четворката на Ибра
14 ноември
Златан Ибрахимовиќ е првиот фудбалер кој дал 4 гола против Англија, а последниот погодок беше вистинско ремек-дело.

Меси го надмина Милер
9 декември
Рекордот на Герд Милер опстојуваше 40 години, но го сруши Лионел Меси кој календарската година ја заврши со 91 гол.

Јапонскиот триумф на Коринтијанс
16 декември
Бразилскиот клуб Коринтијанс ја прекина европската доминација и во финалето на Светското клупско првенство во Јокохама го победија Челси.

28 декември 2012 - 11:46