Како што јавуваат некои српски и хрватски медиуми, Светската кошаркарска федерација (ФИБА) размислува за менување на правилата на кошаркарската игра со што кошарката во светот би се доближила до НБА.
Најголемата промена би било поместувањето на линијата за три поени од 6,75 на 7,25 метри.
Останатите предлози се:
- Повторно воведување на судиското потфрлање при спорни ситуации.
- Зголемување на терените.
- Нов напад од 14 секунди наместо 24 секунди по секој офанзивен скок.
- Секоја техничка грешка да биде санкционирана со едно слободно фрлање за противникот и губење на посед на топка.
- Во последните 2 минути, по 2 фаули ќе бидат доволни за влез во бонус.
Доколку бидат прифатени предлозите, промените на правилата би се вовеле на почетокот на следната сезона.