Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Голчиште на месецот

Не е Меси, не е Роналдо, Фалкао, Ибра... Дечкото се вика Жирес Кембо Екоко, роден е во Конго, има играно за младинска репрезентација на Франција, а во моментов настапува во првенството на Обединетите Арапски Емирати.

Идеалниот тим за 2012

Еден од најпознатите спортски дневни весници, италијанскиот Gazzetta dello Sport ги објави имињата на 11 фудбалери кои го сочинуваат идеалниот тим на играчи кои настапуваат во Европа. Во него нема ниту еден од Премиер лигата.

Најдобро платениот спортист е зависник од кладење

Боксерот Флојд Мејведер Јуниор е на врвот на листата на најплатени спортисти во светот, но тоа не му е пречка за тој редовно да уплаќа во кладилница. Само во 2012-та година според тикетите кои ги објавува на Твитер, тој ќарил 4,3 милиони долари.

Реал Мадрид со 50% попуст

Проблемите во Реал Мадрид имаа свое влијание и кај навивачите, па челниците на „кралскиот клуб" решија да превземат превентивни мерки за спречување на незадоволството на нивните фанови и ќе продаваат влезници со попуст од 50%.

Евролига ТОП 10

Евролигата ги избра најдобрите 10 моменти од досегашниот тек на најелитното клупско кошаркарско натпреварување. На првото место е забивањето на Боби Браун од Монтепаски.

Фереира кани навивачки со стриптиз

Португалскиот фудбалски клуб Пасуш ди Фереира започна кампања за привлекување нови членови, со акцент на понежниот пол. Со промотивното видео во кое фудбалерите изведуваат стриптиз, тие ги повикаа навивачите да се зачленат со што помеѓу другите придобивки, ќе имаат пристап и до второто продолжение од видеото.

Северна Кореја е светски фудбалски шампион

Веќе цела година фудбалската репрезентација на Северна Кореја е неофицијален светски шампион. Оваа титула ја добија со победата над Јапонија, а во 2009-та светски шампион можеше да стане и Македонија.

Коларов како Алачки

Александар Коларов продолжува да не забавува. По неговата новогодишна честитка, сега се истакна и со рецепт за готвење на прокељ. На крај му фалеше уште: „мх, мх, мх..."

Барселона сѐ уште фаворит во Лигата на шампиони

По извлекувањето на паровите за осминафиналето во Лигата на шампиони и кладилниците ги објавија новите коефициенти за освојувањето на титулата, а според нив, шансите дека Барселона ќе оваа година ќе биде шампион на Европа сега се уште поголеми.

Фудбалскиот свет во 2012

Во 2012-та година се случија повеќе големи фудбалски моменти, а ова прекрасно видео е кратка ретроспектива на фудбалот во годината што изминува. Од солзите на Анри, колабирањето на Муамба, титулата на Челси, до рекордот на Меси. Победи, порази, моменти за историја...

Тренерот на Филаделфија им купи сендвичи на 18.000 навивачи

Кошаркарите на Филаделфија со победата над Атланта во саботата ја прекинаа серијата од 5 порази, но по завршувањето на натпреварот нивните навивачи не беа среќни и го извиркаа тренерот Колинс, па тој мораше да им купи сендвичи на сите присутни.

Необичната навивачка божиќна традиција

Навивачите на германскиот второлигаш Унион Берлин пред 8 години го спасија клубот со својата крв, пред 4 години сами го реновираа стадионот, а во неделата го преполнија истиот, но не заради фудбалски натпревар, туку за да пеат божиќни песни.

Трилер завршница со триумфален крај на 2012 за МЗТ

Со тројката на Тодор Гечевски на 3 секунди до крајот, МЗТ Скопје го победи босанскиот клуб Широки со 71:72 и ја забележа 9-та победа во АБА лигата за успешен крај на 2012.

Златното момче на Европа - Иско

Франциско Роман Аларкон Суарез, или на кратко Иско од Малага оди по стапките на Руни, Меси, Фабрегас, Агуеро... Тој ја освои наградата „Златно момче" која италијанскиот весник Тутоспорт му ја доделува на најдобриот млад фудбалер во Европа.

Голови на неделата

Повторно уредниците на TVGOLO имале тешка задача да ги изберат 10-те најдобри голови за изминатата недела, а помеѓу нив се мајсториите на Коне, Тарабт, Фалкао, Адриано и Пирло.

Видал ја спаси планетата

Денес требаше да биде крајот на светот, но за среќа Артуро Видал ја спаси планетата со залутаната топка од неговиот промашен пенал при победата на Јувентус над Каљари со 1:3.

Новогодишното издание на Штутгарт

Спортистите не престануваат да не изненадуваат со нивте празнични честитки. По Коларов, Далас Маверикс и Милан, на ред дојдоа и фудбалерите на Штутгарт кои освен со завивањето на Jingle Bells, се истакнаа и со играњето.

За Англичаните нема празник/делник

И додека во повеќето првенства веќе започнаа зимските паузи, а нашата фудбалска лига ја има една од најдолгите во Европа, за Англичаните нема ни празник, ни делник па само за новогодишните празници во рок од 8 денови ќе одиграат 3 кола.

Уште една футсал мајсторија

По Бразилецот Фалкао и Унгарецот Сафар Тони го обиколи светот со својата мајсторија на натпревар од унгарскиот футсал куп.

Со звукот на сирената X3

Кошаркарите од американското средно училиште Глечер од Монтана сигурно тренираат шутирање со звук на сирена. На натпревар од средношколска лига тие три пати погодија во последна секунда (на крај на прва четврина, на крај на последна четвртина за продолженија и на крај на натпревар за победа).

Мајк Тајсон демантира дека станал жена

Исто како што многу наши медиуми се имаат избламирано со измислени "#кромид" вести препишани од сатирични сајтови, така и многу светски медиуми се излажаа со една сатирична статија за Мајк Тајсон, па боксерската легенда мораше да демантира дека го сменил полот.